Вкупно 14 вработени во МВР до сега се заразени со ковид-19, информираат од МВР. Од таму велат дека по направени епдемилошки анкети, на 103 полициски службеници им се издадени решенија и се ставени во изолација по добиените резултати на заболените лица.
Во изолација се ставени полицајци од Скопје, Тетово, но и од други градови.
По откриените случаи на заразени лица, објектот каде што престојувале полицајците е затворен и направена е целосна дезинфекција.