Во Скопје и Струмица почнуваат “Денови на руската култура”

Сподели

Денови на руската култура во Република Македонија ќе се одржат на 25. и 26.  октомври во Скопје и Струмица.

На 25. октомври Манифестацијата ќе почне во  Македонскиот народен театар со отворање на изложбата „Добата на Григорович“ посветена на историјата на рускиот балет и со настап на Рускиот државни академски народен хор „Митрофан Пјатницки“.

На 26.октомври во Македонската филхармонија заеднички концерт ќе имаат солистите од Русија – Олга Артјугина, Василиса Бержанскаја, Рустем Хамидулин со оркестар составен од членови на Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, под диригентство на Бисера Чадловска.

Рускиот државни академски народен хор „Митрофан Пјатницки“ на 26. октомври ќе има концерт и во Центарот за култура  „Антон Панов“ во Струмица.

Влезот за сите настани е слободен, соопшти Руската амбасада во Скопје. Манифестацијата е врз основа на Протоколот меѓу министерствата за култура на Руската Федерација и Република Македонија за организирање меѓусебни денови на култура на двете земји во 2017-2018 година.