Во Скопје санкционирани 354 возачи – 23 мерки за користење на мобилен телефон

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 354 мерки, меѓу кои 43 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мерки за недавање на првенство на минување, 23 мерки за користење на мобилен телефон, 76 мерки за непрописно паркирани возила и 46 возила се подигнати од „пајак“ службата, а изречени се 30 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.