Министерството за здравство известува дек вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
Досега вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани.
Во текот на вчерашниот ден, вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани, од кои првата доза вакцина ја примиле 13.751 граѓани.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 330.513 граѓани.
Министерството апелира граѓаните да се пријават се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација.