Камерниот оркестар „Скопски солисти“ вечер во камерната сала на Филхармонијата со почеток во 20 часот ќе одржи концерт со наслов „Волшебна музика“.
Како солист со Камерниот оркестар ќе настапи пијанистката Марија Ѓошевска, а диригент ќе биде Бисера Чадловска.
На концертот ќе бидат изведени дела од Перголези, Моцарт, Барбер, Илин и Шостакович.
Камерниот оркестар „Скопски солисти“ се појави на македонската музичка сцена во 2000 година. Оваа благородна и убава идеја, по примерот на загрепскиот, софискиот и други слични оркестри на Балканот, ја реализираше нашиот реномиран обоист, професор м-р Васил Атанасов, кој е и уметнички раководител на ансамблот.