Вонреден инспекциски надзор за застрелани мечки во Општина Маврово и Ростуше

Сподели

 

Врз основа на мејл и телефонска информација на 30 август, добиени од страна на ЈУ НП Маврово, извршен е вонреден инспекциски надзор од страна на Виш Инспектор за природа од Одделението за инспекциски надзор во природата-Запад.
 
Имено, во утринските часови во близина на селото Жировница (пред влезот во селото), забележано е од страна на ренџерската/чуварската служба дека се отстрелани три мечки (Женка со две мали мечиња).
 
 
 
 
При вонредниот инспекциски надзор е изготвен Записник за констатација од страна на ДИЖС при што ќе се води понатамошна инспекциска постапка, а присутни се и претставници од МЖСПП и МВР/ПОЛИЦИЈА.
 
Телата на застреланите мечки се пренесени во посебен ладилник на ЈУ НП Маврово, а при надзорот немало присутни лица од АХВ-Агенцијата за Храна и Ветеринарство и ДИШЛ-Државниот Инспекторат за Шумарство и Ловство.
 
Од страна на Полицијата се води посебна истражна постапка за пронаоѓање и санкционирање на сторителот.