„Вози од срце“ хуманитарна кампања на Стопанска банка за донации на клиниката на детски болести

Сподели

 

„Вози од срце“ e новата кампања со која Стопанска Банка го одбележува 75. годишниот јубилеј.

Стопанска банка ги повикува сите да го користат велосипедот како транспортно и рекреативно средство и сите извозени километри да ги „донираме“ преку платформата на www.voziodsrce.mk

“Целта е да собереме 1 милион километри извозени од срце по што Банката ќе донира вредна медицинска опрема за Одделот за кардиологија и ревматологија при Универзитетската клиника за детски болести” – велат од банката.

“Проектот самошто започна, веќе се извозени над 40.000км и ќе трае неколку месеци, а право на учество има секој „граѓанин со срце”, односно секој оној кој го сака своето маало, својот град и својата земја, и кој се грижи таа да биде почиста и поубава а воедно се грижи и за своето и за здравјето на децата кои живеат тука.”

Приклучувањето во кампањата е крајно едноставно

На www.voziodsrce.mk креирате профил кој го поврзувате со постојниот Strava профил (Strava е светски најпознатата апликација за мерење на физички активности како велосипедизам и трчање)

При секое возење со велосипед ја вклучувате апликацијата Strava и почнувате да ги донирате извозените километри

Возењето велосипед веќе не е само една обична секојдневна активност, тоа стана алатка преку која можете да помогнете на оние на кои им е најпотребна вашата помош.

Затоа приклучете се, дадете поддршка и помогнете да се соберат 1.000.000 км ОД СРЦЕ.

На платформата се генерира и топ листа на најзначајните придонесувачи во собирањето на километрите а Банката подготви и подароци за учесниците кои ќе постигнат 100км и 1.000км донирани преку платформата.

Стопанска банка АД  – Скопје, 75 години на ваша страна.