ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот во Македонија ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места од снег. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од еден до девет степени.

Висината на снежната покривка во 8 часот во Крушево изнесува 2 сантиметри, Маврово и Лазарополе 1 сантиметар.

На планините и повисоките места врнежите од дожд поминаа во снег. Врнежите беа поинтензивни во западните и југозападните делови од земјата.0

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено време со услови за дожд. Температура ќе се движи максимум до пет степени.