ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Најниска температура од минус осум степени утрово се измерени во Битола, минус шест се измерени во Маврово и Лазарополе, минус пет во Крушево, минус четири во Крива Паланка, Охрид и Берово, минус три во Претор и Прилеп, минус два Ѓуриште, Пожаране, Тополчани, Тетово и Струмица, минус еден во Куманово и Демир Капија.

Нула степени утрово беа измерени во Штип, Скопје, Гевгелија и Виница. Утрово во Скопје беше регистрирана најниска температура оваа есен.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето во Македонија утрово е сончево и студено со мала облачност во западните делови. Понекаде дува слаб променлив ветер.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст, па веќе во четврток дневната температура ќе достигне 18 степени во југоисточните делови, велат од УХМР.