ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб локален дожд, и со слаб снег на планините и на некои повисоки места претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец, кон крајот на денот од северен.

Температурата ќе се движи од еден до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со слаб локален дожд, и со слаб снег на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец, кон крајот на денот од северен. Температурата ќе достигне до 10 степени.

За време на викендот и новогодишната ноќ се очекува стабилно и суво време, во сабота со слаб до умерен северозападен ветер и дневни температури од 5 до 13 степени.

Од вторник се очекува извесно зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, прогнозира УХМР Македонија.