ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни. Ќе дува умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 17 до 22 степени.

Во Скопје ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува унерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе се движи од 15 до 21 степени.

До утре нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе предизвика претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд и ретки грмежи.

Во петок и сабота времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.