ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правецТемпературата ќе се движи од 28 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје и околината со слично време со температура до 35 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Во вторник во попладневните часови ќе има зголемена облачност, а во планинските предели ќе има и услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во среда повеќе нестабилност попладне ќе има во југозападните делови. Најтопло се очекува да е во средината на следната работна недела.