МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локална појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб доумерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во западните делови, каде повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде помеѓу 3 и 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 8 до 22 степени.
Преодно стабилизирање ќе има утре, кога времето ќе биде умерено облачно и потопло.Од сабота до вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.