МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Утринските температури се движеа меѓу 9 и 16, а дневните ќе бидат од 16 до 25 степени.
Во Скопје слично време, со утринска температура до 13 степени и дневна до 21 степени.
Променливо облачно време со локален дожд ќе се задржи и во среда и во четврток.
Од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба.