ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето во текот на денот ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 25 л/м2) за 24 часа, на планините врнежи од снег. Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на некои пониски места. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси.

 

 

Температурата ќе се движи од 0 до 12 степени.