МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, на места со ретки грмежи, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава.
Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот и во текот на ноќта појава на снег ќе има и на некои пониски места. Од пладне ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени.
Температурата ќе се движи од 0 до 12 степени.