ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен, повремено силен (над 60 км/час) ветер од променлив правец.

 

 

Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. УВ=9
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала облачност. Во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T= 39 °C, P= 975 hPa, U= 29 %, V= 10 m/s.