ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и посвежо, во северните делови од претпладне со повремен пороен дожд.

Попладне и кон крајот на денот нестабилно, на места со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Повеќе услови за интензивна нестабилност со пообилен дожд ќе има во крајните западни и крајните источни делови. Во западните делови ќе дува повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. UV=5

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен дожд. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. T= 26 °C, P= 977 hPa, U= 50 %, V= 3 m/s.

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 12 К.Паланка, 4 Ѓуриште, 2 Лазарополе, 1 Прилеп, Виница.