МАКЕДОНИЈА – Претпладне умерено до значително облачно, на крајниот југоисток со слаб дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и попладне ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата ќе се движи од 0 до 18 степени.
Од утре попладне до сабота ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури.