Временска прогноза – Македонија

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во западните делови.

Поради адвекција на прашина од Сахара ќе има услови дождот да биде обоен. Ќе дува засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец, наместа со брзина и над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени.

 

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер. T= 18 °C, P= 967 hPa, U= 63 %, V= 10 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).

Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час).