Врховниот суд закажа јавна седница за случајот „Монструм“

Сподели

Врховниот суд за 29 јуни закажа јавна седница на која треба да бидат разгледани и да се одлучува по жалбите на шестемина осудени на доживотни затворски казни во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро.

Седницата, како што соопшти судот, ќе биде јавна, а ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд.