Вселенската мисија Јунона која започна пред 5 години со лансирање на сателитот и поминати милијарди километри, денес успешно влезе во орбита на Јупитер. Ова претставува втора мисија во орбита на Јупитер, првата беше Галилео. Мисијата е предвидена да трае околу 20 месеци и треба да ја истражува внатрешноста и големината на јадрото, магнетното поле и областа каде се создава, составот кој ќе ни открие детали за зачетокот на Сончевиот систем, структурата на облаците и останатите атмосферски феномени како Големата црвена дамка и другикарактеристики на најголемата планета во нашиот систем. Се разбира тука се очекуваат други секундарни откритија кои не биле очекувани или се производ на примарните истражувања како откривање на нови мали месечинки или нови карактеристики во најгорните слови на атмосферата.
