Република Северна Македонија од утре ќе биде на листата на земји каде што постои многу висок ризик на зараза со коронавирус, при што за нашите граѓани за влез во Холандија се воведуваат нови мерки.
Целосно вакцинирани граѓани ќе може да влезат во Холандија, но ќе мора да одат во задолжителен десетдневен карантин.
Нови правила стартуваат од 6. септември, и тие ќе бидат заострени. Покрај вакцина и карантин, од патниците ќе се бара и негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, односно антиген негативен тест не постар од 24 часа.
Потврда за вакцинирање или прележан ковид нема да биде доволна.