На 31 јануари 2020 година, во Скопје се одржа првиот состанок на Заедничкиот експертски комитет за воспоставување на еден граничен премин во областа на Преспанското Езеро.
Првиот состанок го водеше државниот секретар во Министерството за надворешни работи и претседателот на Делегацијата на Република Северна Македонија, г. Зоран Попов. Грчката Делегацијата ја предводеше г. Константинос Цувалас, генерален секретар за јавен ред во Министерството за заштита на граѓаните.
За време на сотанокот беа разменети мислења за идните активности што треба да ги преземе Заедничкиот експертски комитет за отворање на гореспоменатиот граничен премин.
Двете страни го разработија и постигнаа во принцип согласност за текстот на Правилникот за работа и постапка на Заедничкиот експертски комитет што треба биде усвоен на неговиот втор состанок.
Состанокот се одвиваше во позитивна и конструктивна атмосфера и во духот на меѓусебно разбирање.
Беше договорено вториот состанок на Заедничкиот експертски комитет да се одржи во првата половина на март 2020 година во Република Грција.