Заев: Честит 1 Мај – Меѓународен ден на трудот!

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев на сите граѓани им го честиташе Меѓународниот ден на трудот, 1-ви Мај.

“Почитувани граѓани, работнички и работници, нека е честит 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Вие сте движечката сила на македонската економија и на развојот на нашето општество.
 
Економијата ни е стабилна, кризата ја поминавме без поголеми потреси и конечно излегуваме од неа. За тоа сте најзаслужни токму вие и вашиот труд! Бидете горди поради тоа и знајте дека државата е тука секогаш за вас, затоа што оваа држава ја разбира и цени работничката мака”, – изјави премиерот Заев.