Заев: Ја повикувам Јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот

Сподели

 

Премиерот Зеав најави тужба за клевета откако на интернет порталот „Инфомакс“ objavija документ со исказ на бизнисментот Јордан Камчев кој го дал во Обвинителството за тоа како, наводно, бил уценуван од Бојан Јовановски и Зоран Милески од септември 2018 до април 2019.

“Ја повикувам Јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот кој е направен дали е тоа така. Второ ќе тужиме затоа што тоа не е точно“ рече денеска во Прилеп премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го коментира исказот на Орце Камчев даден со извештај во Обвинителството, а објавен во еден од порталите синоќа.

„ Сакам да биде објавено. Апсолутна обврска е на Обвинтелството да објави дали е тоа така. Јас како што видов има една страна од записник, а потоа се прераскажува, што претставува сериозна манипулација. Ги охрабрувам новинарите да истражуваат, да доловат се што е важно за јавноста, но не да прават манипулации, за што има одговорност. Лично јас, а верувам и Шекеринска, Димитров, Ременски и сите што се спомнати таму ќе ги повикам да поднесеме заедно тужба за клевета и таму да се отворат документите и на јавноста да кажеме дека тој што го напишал лаже“ рече Заев, додавајќи дека ако се докаже дека има вмешани и било кој од политичарите е виновен, ќе побара одговорност” – изјави денеска премиерот Заев.