Заев ќе предложи смена на директорите на „МЕПСО“, „ЕСМ“,„Македонија пат“ и други

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција во Владата на која информираше за смената директорите на институции, раководители, членови на Управни одбори.

За разрешување, Заев ќе ги предложи директорот на МЕПСО Сашо Василевски, директорот на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) Драган Миновски, директорот на „Македонија пат Гајур Кадриу“, директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ, директорот на МЖ „Инфраструктура“ Ирфан Асани, директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ, директорката на Драмски театар Викторија Рангелова и други членови на Управни и Надзорни одбори.

За смената на директорите во енергетскиот сектор, Заев реча дека причините се сестрани, и заради притисок од јавноста за вработувањата, тендерите но и за нереализирани капитални инвестици, блокирање на процеси, забелешки од меѓународни институции, недоволна транспарентност, неспроведување на одлуки на Влада, слаб менаџмент. Тој додаде дека на дел од нив ќе им бидат понудени други работни места.

Прашан за последниот случај „Рекет“ во кој, на Катица Јанева ѝ е одземен мобилниот телефон за да се испита дали има евентуална поврзаност со првоосомничениот Бојан Јовановски, Заев рече дека се додека не се докаже вината на Катица Јанева, тој ќе ја почитува презумпцијата на невиност и верува дека правосудниот систем ќе си ја заврши работата. Тој додаде дека не се слушнал со неа пред да и се одземе телефонот, како што некои медиуми пишуваа.

„Кога се работи за вакви личности, јавноста e заинтересиранa и Јавното обвинителство е должно да информира и да даде инфорамции дали Катица Јанева е злоупотребена или употребена. Сè додека не се докаже вината, јас ја почитувам презумпцијата на невиност. Стојам зад личности кои во време кога само се шепотело, застанале храбро пред јавноста“, одговори Заев на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој додаде дека верува во правсудниот систем, бидејќи како што рече конечно функционира и имаме правна држава.

„Верувам дека секој кој е огрешил треба да одговара и ќе одговара. Покажавме дека  со немешање како власт, правосудниот систем знае да се одважи и да процесуира случаи, “ додаде Заев.

За лидерската средба во петок рече дека ќе се одржи бидејќи, како што рече, ќе ги турка процесите бидејќи се важни за граѓаните.

„Очекувам од Мицкоски да се појави, тоа е негва одговорност. Немам намера да исполнувам желби за предвремени избори, иако сум убеден дека власта ќе победи. Немам намера да ги рушам економските перспективи на земјата. Подготвен сум да разговарам за се. Пописот ни потребен како леб. Законот за јавно обвинителство не е само моја обврска, сите што се залагаат за правна држава не може да остават да не се донесе закон за Јавно обвинителство. Бараат предвремени парламентарни избори, а не сакаат да разговараат за Изборен закон“, додаде Заев.

Прашан за дивоградбата на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини Заев јавно му порача да си ја сруши дивоградбата бидејќи државата ќе му ја сруши, а на општината и се закани дека ако не постапува според законот, ќе и се одземат надлежностите.