Заев: Очекувам дека ќе направиме коалиција со партии од албанскиот блок

Сподели

 

“Со ДУИ ги решивме крупните прашања во Владата, а ние сме единствена партија која има голем избор за соработка со албанските партии, па јас очекувам дека ќе најдеме сили првпат да направиме предизборна коалиција со партии од албанскиот блок.

Коалициите ќе бидат задржани и малку проширени, а тоа нема да биде подоцна од 9 март, кога е закажан конгресот на СДСМ. Тоа ни дава право да бидеме фаворити на овие избори.

Ги завршивме разговорите со досегашните коалициски партнери, а веќе разговараме и со нови. Ќе продолжиме до крајот на следната недела, кога ќе го објавиме заокружувањето на процесот на коалициското договарање, а имаме околу 27 политички субјекти.

Задоволен сум од преговорите, затоа што зборуваме за вредности, за програми, за давање збор, нешто што мора да нè спои, како и за преземање одговорност и во парламентарната и во извршната власт – изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

Изјави, Зоран Заев