Законот за јавно обвинителство на собраниска седница по скратена постапка

Сподели

 

Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, денеска е на дневен ред на 108. собраниска седница.

Законот влегува во собраниска процедура со европското знаменце и по скратена постапка.

Министерката за правда Рената Дескоска рече дека нема напредок во разговорите за законот, по средбата на работните групи.

– Разговаравме за прашањата отворени од самиот почеток, меѓу кои и за статусот на предметите кои ги води СЈО. Клучните непремостливи разлики се оденсуваат токму на ова прашање. Желбата на другата страна е овие предмети да не завршат ефикасно. Нашите црвени линии се дека правдата мора да дојде, без разлика кој ќе ги заврши – истакна Дескоска.