Централниот одбор на СДСМ на седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател.
СДСМ како најголема, најпрогресивна и најдемократска партија, новиот претседател ќе го бира 12 декември.
Кандидат за претседател на СДСМ може да биде секој член кој ги исполнува условите наведени во Статутот и Правилникот за одржување внатрепартиски избори, меѓу кои што стои дека кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.
Постапката за кандидарање ќе трае седум дена.
Заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ Димитар Ковачевски вчера изјави дека ќе се кандидира за лидер на партијата. – Во рокот од седум дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истакнати членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател, изјави Ковачевски „Фокус“.
Право на глас на изборите има секој член кој активно ќе се регистрира. Можности за активна регистрација има две, преку онлајн платформата АКТИВНА РЕГИСТРАЦИЈА, достапна на банер поставен на веб страната на СДСМ (https://sdsm.org.mk/).
И втора можност, преку општинските организации на СДСМ.
Активната регистрација на членовите започнува денеска и ќе трае седум дена.
СДСМ продолжува да реализира високи демократски принципи, да поставува нови стандарди на политичката сцена, како единствена партија која својот претседател го бира на непосредни, внатрепартиски избори, каде право на глас имаат сите членови.
Сите документи, обрасци, правилници и информации во врска со предвремените директни внатрепартиски избори во СДСМ се достапни на следниот линк: https://sdsm.org.mk/vonredni-vnatrepartiski-izbori или на официјалната интеренет страница на партијата.