
На настанот ке присуствуваат градоначалникчката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, директорот на јавното претпријатие Улици и патишта Саид Саиди и на Паркови и Зеленило Скопје Зухејр Реџепи.
Изградбата на Мега паркот се изведува како меѓуопштинска соработка помеѓу општина Чаир и Град Скопје.
Мега-паркот ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни и ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и цветни градини.
Истовремено, во паркот се предвидени 2 нови спортски терени, 2 детски игралишта, 2 паркови за домашни миленици, една фитнес зона, 26 нови летниковци, нова урбана опрема, пешачки патеки и фонтани.
