Започнува јубилејната 30. Ликовна колонија Галичник

Сподели

 

Денеска започнува 30. интернационална Ликовна колонија во Галичник и ќе трае до 22 август.

Ликовната колонија е визуелна манифестација во нашата држава која има за цел да воведе еден специфичен сензибилитет во заедничко работење на група интернационални и домашни автори.

Во знак на јубилејот, Ликовната колонија Галичник, ќе се одржат две јавни презентации на кои уметниците ќе се претстават пред локалната јавност и ќе можат да комуницираат и да се социјализираат со локалното население, доближувајќи се до нив, на некој начин отклонувајќи ги границите на „неразбирливоста и апстрактноста“ на современата уметност и новите медиуми во уметноста.

На колонијата предвидено е да учествуваат Симоне Хујамнс и Мари ван Воленхофен од Холандија, Селма Џулизаревиќ и Бранимир Карановиќ од Србија, Софија Грегоријаду од Грција, Улф Лундин од Шведска, Даниел Дресел од Германија, Лин Куасаи од Англија, Хелидон Ѓерѓи од Албанија, САД и Зорица Зафировска и Атанас Атанасоски од Северна Македонија.