Затворски казни за Трајко Вељаноски, Миле Јанакиевски и Ристовски за крвавиот четврток

Сподели

 

Шест и пол години затвор е казната која е изречена на процесот против организаторите за упадот и насилствата во Собранието од 27 април познато како „Крвавиот четврток“, а му беше изречена на екс спикерот Трајко Вељаноски.

Обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски добија по шест години и три месеци затовр, додека екс шефот на УБК, Владимир Атанасовски е осуден на шестгодишена затворка казна.

Тие беа обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”. Со изготвениот план го загрозиле уставниот предок, организирале протести, материјално ги помагале, го намалувале бројот на полицајци и презеле мерки за да може луѓе да влезат во Собранието и да извршат насилство.

При изрекувањето на пресудите судијата Илија Трпков, изјави дека казните се намалени во законски дозволените граници поради коректно држење и соработка на обвинетите во постапката и поради законот за амнестија.

„Тоа не е демократија. Тоа не е патриотизам. Да се организира упад и да се тепаат парламентарци во законодавниот дом. Државата се брани со срце, ум, правилни стратегии и потези. Ако на секоја одлука со која не се сложуваме насилно се влагува во суд, собрание или друга институција тогаш држава нема да имаме“, кажа Трпков при образлоѓувањето на пресудата.

Тој соопшти дека доказите недвосмилесно го потврдиле обвинението и дека со упадот и насилствата врз легитимно избратите преставници на граѓаните бил загрозен Уставот. Секој од обвинетите вклучувајќи ги и бегалецитеНикола Груевски Никола Бошковски имале своја задача и спроведувале план.