Здружението „ЗА НАС“ трчаа во чест на медицинските сестри кои го загубија својот живот

Сподели

 

Овој викенд членовите на здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ беа дел од Скопскиот маратон и трчаа во чест на нашите колеги и колешки кои борејќи се против пандемијата го загубија својот живот, но и за оние кои сѐ уште се таму, во првите борбени редови.

 

Иницијативата за учество на овогодинешниот маратон е поттикната од потребата повторно да го подигнеме нашиот глас, но преку една убава спортска манифестација, како што и прилега на нашата племенита професија.

 

 

Нашите членови трчаа во маички со слогани кои говорат за важноста на сестринската професија но, и за оние работи кои недостасуваат.

 

 

Еден од нашите слогани вели дека медицинските сестри се секогаш во кондиција, и тоа е навистина така. Да се биде медицинска сестра значи голема пожртвуваност и подготвеност во секој момент.

 

 

Ние сме најважната алка во здравствениот систем и потребни се промени, потребен е закон со кој ќе се унапреди и заштити нашата професија.

„Не правете нѐ невидливи. Ние денес трчаме за нас!” – мотото со кое оваа година за првпат земавме учество на Скопскиот маратон, но со надеж дека оваа инцијатива ќе прерасне во традиција и ќе не има во многу поголем број.