“Поради сериозноста на ситуацијата во врска со се поголем број на новозаболени од Ковид-19, а со цел да се помогне на нашите херои здрвствени работници, Здужението на Горанците во Македонија ја донесе следнава одлука:
Сите наши капацитети, членство и волонтери се ставаат на располагање на институциите кои се справуваат со Ковид-19 во дел кои можат да помогнат и да дадат придонес во рамки на своите можности!
Сите заинтересирани кои имаат желба и можност да помогнат на било кои начин, можат да се обратат на емаил, телефон или инбокс.
Ова ќе биде наш мал придонес како општествено одговорни граѓани во оваа заедничка борба, а воедно голема поддршка за хероите на денешницата -ЗДРАСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ!” – се на ведува во соопштението од Здружението на Горанците во Македонија.
denesmagazin.mk