Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, денеска во 9.48 часот регистрирала земјотрес во епицентралното подрачје на Струмица.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.6, а бил почувствуван од населението во околината на Струмица со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.