Земјотрес во Грција – почувствуван и во југозападна Македонија

Сподели

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почуствуван утрово во 9.12 часот во југозападниот дел на Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот имал епицентар на територијата на Грција, а неговата силина била 5,4 степени на Рихтеровата скала.

За сега нема информации за повредени или материјални штети.