Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска во 11 часот треба да се појави во Специјалното јавно обвинителство, каде е повикан да даде исказ во врска со проектот „Скопје 2014“ и со деталниот урбанистички план Мал Ринг.
– Се работи за централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот проект „Скопје 2014“ – се вели во соопштението од Општина Центар.
Оттаму потесетуваат дека по преземањето на функцијата градоначалник на општина Ценар од страна на Жерновски, беа нарачани ревизорски изветштаи за проектот „Скопје 2014“, кои констатирале низа неправилности и прекршувања на законите.
Од СЈО засега во интерес на предистражната постапка не откриваат повеќе детали, ниту информации дали во враска со случајот се испратени покани и до други лица во враска со проектот.
„Ве известуваме дека се работи за предистражна постапка која е тајна и поради таа причина не сме во можност да ви откриеме повеќе информации“, велат за Мета од СЈО.
По исказот на Жерновски, како што информираат од неговиот кабинет, тој ќе даде изјава за медиумите.