Жерновски-Жбогар на “Skopje Youth Summit”: Чекориме заедно со младите европјани

Сподели

 

Заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, заедно со Амбасадорот на ЕУ во Репиблика Северна Македонија, Семјуел Жбогар, вчера имааа свои излагање на завршната церемонија на Skopje Youth Summit (Младински самит Скопје), којшто се оддржа во Младинскиот културен центар од 3 до 5 декември и на кој учествуваа 200 млади активисти за човекови права, претставници од граѓанскиот сектор, артисти и млади политичари од Северна Македонија, Турција, Србија, БиХ, Хрватска, Косово, Словачка, Романија.

 

 

Како  клучен младински настан од регионот, заменикот министер и Амбасадорот го оценија Самитот како одлична можност да се промовира демократското единство кое го зајакнува про-демократскиот дискурс и убедувања меѓу младите во регионот на Западен Балкан и пошироко, дозволувајќи им да се поврзат, да учат едни од други, стекнувајќи поголемо разбирање за политичките движења и граѓанското општество низ светот.

За мене, младите се синоним на енергија, ентузијазам и иновации, секогаш подготвени да дојдат до нови решенија за предизвиците со кои се соочуваат, истакна Жерновски во излагањето. 

 

Искажувајќи благодарност за нивните заложби за одржување на европските вредности и за спроведување на принципите на Европската унија во нашите општества, Жбогар и Жерновски нагласија во своите обраќања дека “Декларацијата што ја усвоивте, покажува колку сериозно, вие младите го потврдувате вашиот зрел пристап кон темите за интеграција, европеизација и зачувување на глобалниот мир и просперитет. Ова е доказ дека вие, како млади европјани, сте целосно ангажирани за вашата иднина и дека таа ќе биде зачувана само доколку сите заедно обезбедиме демократски општества засновани на мир, слобода, правда и почитување на човековите права”.

 

 

Заменикот министер, Жерновски, во оваа прилика ги нагласи визиите, заложбата и чекорите на македонската Влада, насочени кон Европската Унија и нејзините вредности, а со тоа и кон подобрување на животот на граѓаните во еден слободен и демократски политички амбиент.

 

 

“Секогаш упатуваме јасни пораки дека за Република Северна Македонија нема друга алтернатива освен Европската Унија и НАТО. Ние немаме друга алтернатива освен подобар живот за граѓаните, а сите знаеме дека евроатлантските интеграции одат паралелно и заедно со реформите, со унапредувањето на сервисите за граѓаните и со економскиот раст. Во исто време, ниту едно искушение или предизвик не може да не оттргне од европските вредности како што се солидарноста, еднаквоста и правичноста”, рече во своето обраќање Жерновски.