Зимската служба на Општина Центар е подготвена за справување со снежни врнежи

Сподели

 

Зимската служба на Општина Центар е подготвена за справување со евентуалните снежни врнежи.

Склучен е договор со компанијата „Анизор“ и вкупно 6 специјални возила за отстранување на снег се ставени на располагање на општината во наредниот период, информираат од општината.

 

 

Со 2 возила со плуг и соларка, 3 специјални возила за отстранување снег (до 3, 6, 8 и 12 тони сол) и еден тн. хорхет, машина за чистење тротоари, Општина Центар подготвена ќе ги дочека првите врнежи на снег.

Општината е во секојдневна комуникација со граѓаните од населбите на нејзина територија и во координација со градските служби, е подготвена веднаш да делува во случај на евентуални снежни наноси.