Зонско паркирање на територија на општина Карпош

Сподели

 

Со оглед на веќе започнатите активности за организирање на зонското паркирање на територијата на Општина Карпош, во тек е поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација, чија реализација е поврзана со временските прилики.

Со воведувањето на организирано паркирање на територија на општината, целта е да се овозможат подобри услови за паркирање, полесен пристап до паркинг места, како и полесен проток на возила, а се овозможува паркирање на категориите корисници на претпријатието и корисници за час паркирање, информираат од Градски паркинг.

Заинтересираните корисници согласно категоријата корисник потребно е да ги достават следните документи:

  • СТАНАР:

Станар со адреса на живеење на зоната: Лична карта и сообраќајна дозвола на име на барателот, а адресата на живеење да гравитира на зоната;

Доколку возилото не е на име на барателот, потребно е да се достави полномошно за управување на возилото, со наведено сродство. Право на издавање полномошно имаат сопружници и родител- дете.

Станар со договор за закуп: Договор за закуп заверен на нотар, лична карта на барателот- на увид, сообраќајна дозвола на име на барателот или со полномошно за управување, наведено во точка 1. Закупец од договорот за закуп потребно е да биде подносителот на барањето за дозвола за паркирање. Станарската дозвола ќе се издаде во времетраење на договорот за закуп.

Станар со лична карта и/или сообраќајна дозвола, во процедура на издавање– барателот потпишува Изјава за промена на лична карта и/или сообраќајна дозвола со рок до 90 дена, а дозволата се издава во наведениот рок.

Станар со возило на лизинг– Лична карта, сообраќајна дозвола, копија од Договорот за лизинг, само страна 1, полномошно за управување на возилото издадено од лизинг компанијата.

Станар со службено возило- Лична карта на увид, сообраќајна дозвола, потврда за редовоен работен однос, полномошно за управување на возилото. Притоа, седиштето на правното лице да не е идентично со адресата од личната карта на барателот.

Станар со возило со странски регистраски таблици- лична карта на увид и сообраќајна дозвола на име на барателот.

 На сите корисници од категоријата станар им се овозможува бесплатно паркирање на 2 станарски возила.

  • ВРАБОТЕН ВО ПРАВЕН СУБЈЕКТ

 Потребно е седиштето или подружницата на правниот субјект каде е вработен барателот, да гравитира кон јавната површина наменета за паркирање и сообраќајната дозвола да е на име на барателот т.е вработениот.

Доколку возилото не е на име на барателот потребно е да се достави соодветно полномошно заверено на нотар т.е

  1. Сродство во прва линија: сопружници, родели и деца, или
  2. Возило на лизинг- полномошно од лизинг компанијата

Потребни документи за стекнување со дозвола е:

  • Решение за тековна состојба за правниот субјект на увид,
  • Потврда за редовен работен однос
  • Сообраќајна дозвола.
  • Возачка дозвола на увид
  • ПРАВЕН СУБЈЕКТ

Со оваа категорија право на стекнување има секој правен субјект што има потреба од користење на паркинг услугите на одредена зона. Притоа, потребни документи се:

  • Сообраќајна/и дозвола/и на име на правниот субјект,
  • Тековна состојба од Централен регистар заради утврдување на седиштето на правното лице,
  • Барање на меморандум со наведен список на сообраќајни дозволи од возилата.
  • ФИЗИЧКО ЛИЦЕ

Со оваа категорија право на стекнување има секое физичко лице што има потреба од користење на паркинг услугите на одредена зона. Притоа, потребни документи се:

  • Лична карта на увид
  • Сообраќајна дозвола

За секоја од наведените категории, при доставување на документацијата, задолжително е да се достави уредно пополнета и потпишана форма на образецот Барање-Договор.

Заинтересираните граѓани уредно да достават Барање со потребните документи во прилог, секој работен ден од 08:00- 22:00 часот и сабота 09:00-17:00 часот, во канцеларија Карпош, на ул. „Дрезденска“ бр. 15/3 (во зградата спроти Катастар на РСМ). За повеќе информации, граѓаните може да се обратат на контакт телефоните: 02/ 305 13 24,   02/ 321 55 66 и моб. 070/309 144 и на нашата веб страна:       https://www.gradskiparking.com.mk/pocetna.nspx

Исто така, со цел подобра информираност на граѓаните, претпријатието организира „Отворен ден“, на 16.03.2024 (сабота), од 10:00- 14:00 часот, во канцеларија Карпош на ул. „Дрезденска“ бр. 15/3. Ги очекуваме сите граѓани на кои им се потребни дополнителни информации околу условите за паркирање и услугите кои ги нуди претпријатието.  ЈП „Градски паркинг“- Скопје.