Вести Македонија Ударни вести

Дополнителни 30 дена притвор за Орце Камчев

По доставени предлози, Апелацискиот суд Скопје донесе решенија со кои им се продолжуваат мерките куќен притвор во траење од 30 дена за осомничените лица Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, – соопштија од СЈО.

Според СЈО, осомничените се товарат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Во предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија, како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

Сподели: