Град Скопје: Бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“ и настап на „South Park“

Сподели

Градот Скопје за граѓаните подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“ на плоштадот „Македонија“.

Во
пресрет на новогодишните празници, престојната недела е одлична можност да го
посетите „Винтерленд“ и да уживате во новогодишната атмосфера со голем број
забавни содржини и богата културно-забавна програма.

За љубителите на зимските спортови поставено е и бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“.

Програмскиот
дел денеска почнува во 17 часот со детската претстава „Лакомата меца“ и со улични
забавувачи, а од 19:30 до 20 часот ќе се одржи натпревар во изработка на
скулптури од дрво.

Вечерната
музичка забава во Винтерленд почнува во 20 часот со настап на музичката
група „South Park“.