Вести Свет Ударни вести

Грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа

Грчкиот парламент со 153 гласови – “ЗА”, 146 „против“ и еден воздржан, пратениците во грчкиот парламент го ратификуваа Договорот од Преспа. го усвои Преспанскиот Договор. Гласањето беше јавно, со прозивање на сите 300 пратеници поединечно. Против гласаа 146 пратеници, а воздржан од гласање само еден.

Дебатата во Парламентот траеше точно 38 часа и 30 минути, а со говор ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.

Следен чекор што треба да направи грчкиот парламент е да ги извести земјите членки на НАТО дека се повлекува блокадата на приемот на Македонија во Алијансата, по што треба да биде подготвен протоколот за прием на Македонија.

Сподели: