-“Самиот чин е преседан  во судството и уште еднаш се потврдува тезата на ВМРО-ДПМНЕ, но и на јавноста во Република Македонија дека имаме апсолутно целосно партизирано судство кое што е под стегите на Владата и дека Никола Груевски во случајот е апсолутно жртва на политички прогон и хајка која што се води против него. Бидејќи во минатото од страна на СДСМ кога тие беа опозиција во многу наврати сакаа да кажат дека милијарди се изнесени од државата, а денеска Никола Груевски, Кривичниот совет ја одбива неговата жалба за дело за кое што е осуден поради стекнување нематеријална добивка како што е возењето неколку кратно во возилото кое што е предмет на тој судски процес.”

Изјави, Христијан Мицкоски