Магазин Наука и Технологија

ОРИОН: Спектакуларен хаос во центрот на Млечен Пат

Спектакуларна фотографија од централниот дел на Млечниот Пат со помош на новиот радио телескоп Миркат (MeerKAT) во Јужноафриканската Република.

Објавената фотографија е со големина од 1° x 2° аглови степени на небото, што е еквивалент на гледање низ прстен со испружена рака кон центарот на галаксијата. Во најсјајниот централен предел се наоѓа супермасивната црна дупка Стрелец А* опкружена со стотици илјади ѕвезди, од левата страна се забележуваат сферични форми што се остатоци од експлозии на супернови. Останатите светли извори се области каде се раѓаат нови ѕвезди. На сликата постојат неколку филаменти кои се среќаваат само во централниот дел на галаксијата чие потекло е сè уште мистериозно, а би можело да се разоткрие токму со помош на овој телескоп.

Миркат е составен од 64 посебни телескопи, секој со пречник од 13,5 метри. Кога работат заедно преку интерферометрија се добива виртуелен телескоп со пречник поголем од стотина метри, а наскоро ќе биде проширен до еден километар со што ќе го добие името Еден квадратен километар (Square Kilometer Array).

orion.mk

Сподели: