Потврдена затворската казна од две години за Никола Груевски

Сподели

Потврдената затворска казна од две години за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска стигна во Основниот суд Скопје 1.

„Второстепената пресуда за предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“ ,од Апелациониот суд – Скопје денеска беше доставена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Пресудата ќе биде распределена на понатамошно постапување кај судија за извршување санкции кој во следниот период треба да изготви упатен акт и да го испрати до странките во постапката“, велат од Основниот суд Скпје 1 Скопје.

Oд денеска тече рокот од 2 недели кога Груевски треба доброволно да се јави во затворската установа што ќе му ја одреди судијата за извршување санкции од Кривичниот суд. Поповски веќе е на отслужување на својата казна.