Промоција на албумот “SECRET PLACE” од Тоше Проески

Сподели

Во чест на Тоше Проески ќе се одржи концерт со промоција на албумот „Secret Place“, со нови, досега необјавени песни. Концертот ќе се одржи на 2. ноември во ВИП арената Борис Трајковски.

Организаторите, Фондацијата „Тоше Проески“, велат дека со овој концерт продолжува хуманата мисија на Тоше. Средствата се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје. Концертот во петок почнува во 20 часот.

Борис Новковиќ, Владо Калембер, Каролина Гочева, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак, Антонија Гиговска, Александар Тарабунов се дел од ѕвездите кои ќе настапат на концертот и со кои публиката ќе ги пее најголемите хитови на Тоше, а неговиот внук Кристијан Ристески ќе ја изведе We are blood, песна која се наоѓа на новиот албум.