Столтенберг на средба со Иванов, Џафери, Мицкоски и Заев

Сподели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг од вчера престојува во посета на Македонија. Столтенберг утринава во вилата Водно имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов, по што следува средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери во Собранието.

Столтенберг ќе има средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а потоа со премиерот Зоран Заев Столтенберг ќе разговара во Клубот на пратениците во 13.15 часот.

Предвидено е попладне Столтенберг и Заев да имаат заедничка прес конференција во Скопје.

По средбите во Скопје, тој вечерва заминува во Атина каде што ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас.