(ВИДЕО) 360°: Врие во Кривичниот и во Врховниот суд

Сподели

Враќање на принципот на владеење на правото преку реформа на судството и обвинителството се меѓу приоритети за новата влада набележани во извештајот на Рајнхард Прибе. За промени во оваа сфера е потребно повеќе време, иако некои прашања бараат итен одговор, како на пример новите распореди во Кривичниот и во Врховниот суд. Во СЈО немаат дилема дека новиот распоред во скопска единица, потпишан од в.д. претседателката Татјана Михајлова, е заради блокирање на предметите што ги иницира тимот на Катица Јанева.